Утрински Весник
Македонија

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, делото го направил во самоодбрана

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, делото го направил во самоодбрана

Битолчанецот Тони Ѓорѓевски-Фердо доби ослободителна пресуда за убиството на зетот, за кое тврдеше дека го сторил во самоодбрана на неговата ќерка. Судот ја прифати ваквата одбрана односно дека Ѓорѓевски го сторил делото во самоодбрана и нужна одбрана. Пресудата е донесена осум месеци по настанот.

dobivaj vesti na viber

„Конечно судот по осум месеци донесе правилна пресуда, ослободителна за мојот татко. Тој е конечно слободен, фала ви на сите за поддршката“, напиша Јове Ѓоргиевски, син на Тони Ѓоргиевски – Фердо.

Ѓоргиевски додека траеше истрагата беше во притвор. Неговото семејство организираше и протест, на кој бараше слобода за битолчанецот. Битолското обвинителство го товареше за убиство.

„Осомничениот, на 21 февруари, со умисла го лишил од живот неговиот зет за ќерка. Според првичните сознанија, сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „Бајкал” што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место“, се наведуваше во соопштението од Обвинителството.

Семејството на Ѓоргиевски, кој се товареше за убиство, и јавно говореше дека 20 години имале проблем со сега покојниот зет. Тие сведочеа дека пријавувале во полиција, социјални служби – но тоа било залудно. Убиениот рано наутро упаднал во домот на таткото на неговата поранешна сопруга и ѝ се заканувал држејќи во рацете мачета. Таткото во тој момент го извадил оружјето и пукал, по што неговиот поранешен зет починал.

Можете да прочитате

Николоски: Од јануари нов пакет од 250 милиони евра владина подршка, општините да подготвуваат нови проекти

Архитектонскиот факултет при УКИМ ќе одбележи 75 години

Ден на Академијата и доделување на признанието „Блаже Конески“ во МАНУ