Утрински Весник
Македонија

Битолчанец измамен од лажен лекар за 10.000 евра

Evra.webp.webp

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати. Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.


Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Можете да прочитате

Годинава пријавени 34 случаи на врсничко насилство и ниеден за онлајн-насилство, освен со младите, да се работи и со родителите

„Сите знаеја кога ќе има полициска рација“ – нови детали за функционирањето на дискотеката

Сообраќајна расправија ескалирала во закани со оружје во Карпош