Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Структурните промени почнаа да се случуваат по 2017 и заминувањето на режимот

Img 8208
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

„Структурните промени, дали се во економија или било кој сектор не може да се случат краткорочно, не може да се случат за една година. Структурните промени почнаа да се случуваат од 2017 година, кога се презеде власта од претходниот режим, кој реално имаше заборавено што треба струкурно да се работи на економијата и одржливоста, а уште повеќе имаше заборевно на зборот конкурентност, наспроти регионалниот и глобалниот пазар“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на трибината „Година на европски можности“.

Тој додаде дека оваа Влада покажа дека го знае јасниот пат и затоа е полесно да се искористи конкурентноста на економијата која е започната.

„Во 2017 година го одобривме Планот за економски раст, кој знаеше една клучна работа – изедначување на поддршката за домашните и странските инвеститори. Поддршката кон домашната економија на почетокот на 2017 година беше нула, имаше нула поддршка за домашните компании. Не можеше да се најде ниту една домашна компанија поддржана од Владата“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека тогаш се донесе Законот за финансиска поддршка на инвестиции, а до денес веќе има 919 домашни компании кои се поддржани.

„Компании кои инвестираат во станување поконкурентни и инвестираат во човечкиот кадар. Сите тие 919 компании во овие шест години беа поддржани со 100 милиони евра, буџетски средства, за да направат инвестиции од половина милијарда евра“ рече Битиќи.

Можете да прочитате

СДСМ: „Во Македонија – Резолуција. Во Третиот рајх – Декрет. Има ли разлика?“

Пуштена во употреба новата микробиолошка лабораторија за квалитет на „Aлкалоид“ 

Намалена видливост кај Ресен и Удово