Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Случајот со концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ се затвори пред две години, денес е донесена конечната пресуда

Fatmir Bitiki Sdsm.jpg

Екс вицепремиерот за економски прашања а сега пратеник од СДСМ, Фатмир Битиќи на социјалните мрежи се осцрна на арбитражната пресуда околу концесијата за рудникот Казандол.

„Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра.


Да се потсетиме:

– Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година

– Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови

– Тимот што ги застапуваше правата на нашата држава во целиот тој процес се водеше со јасни определби и насоки од страна на мојот кабинет во претходната Влада.

И затоа, искрена благодарност до White & Case, нашите главни застапници во арбитражата, државните службеници и експерти кои вложија знаење и енергија, како и до локалните адвокатски друштва за нивната посветеност и професионалност. Благодарност до сите што ги застапуваa интересите на државата. Вака се почитува татковината, со искрен настап и без калкулации – а за оние кои имаа други интереси, иднината ќе покаже“ пишува Битиќи.

Можете да прочитате

Приведени седум лица во Скопје

Пронајдено тело на почината жена во двор од семејна куќа во Скопје

Нападнат полицаец во Гази Баба