
Соопштение за јавност на СДСМ:
Со предлозите на СДСМ за намалување на цените на струјата и ДДВ на прехранбените производи, ќе им се излезе во пресрет на граѓаните да се намалат трошоците за живот, кој секојдневно растат. Решенијата на СДСМ гарантираат намалување на цените за 30%. Пред нас е вистинска економска криза, па не можете да останете имуни на тоа и да кажете ‘не нè интересира’ како што прави владата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.
– Како СДСМ, излеговме со низа мерки. Зборуваме за намалување на ДДВ на прехранбените производи, повикавме владата да ги замрзне цените на основните прехранбени производи, да ја фиксира маржата на добивка, намалување на ДДВ за електрична енергија, повикавме за зголемување на платите и ќе продолжиме со низа други мерки, се со цел да им се помогне на граѓаните. Следна недела ќе предложиме закон со кој ќе бараме да се намали цената на зелениот картон што исто така е ќе биде едно олеснување за граѓаните, рече Битиќи.
Тој појасни дека замрзнувањето на цените и одредувањето на бруто маржа на производите од страна на владата е задоцнета мерка и дека сето ова требало да е случи многу порано.
Пратеникот на СДСМ потенцираше дека во овој момент има сет на случувања, во сферата на економијата каде од година во која имавме стабилизирање на инфлацијата, тоа е последица на добрите политики на претходната власт, година во која инфлацијата беше 3 %, за сега во јануари да имаме 4, 8% инфлација.
Ако се направи споредба на јануари, со цела година, сега имаме за 60 проценти зголемена инфлација, потенцираше Битиќи, што кажува дека граѓаните стануваат се посиромашни, затоа што парите кој ги добиваат, не се зголемуваат.
– Имаме запирање на раст на платите последните неколку месеци и тоа значи дека граѓаните не добиваат ништо повеќе, а цените растат и трошоците на живот растат. Во одреден временски период кога ние се справуваме со енергетската криза никој нас не нè прашуваше дали има последици кон дефицит кој се појавува во електраните. Ние се справуваме со тоа. Беше битно граѓаните да плаќаат помалку и тоа е истата цел во овој момент. И сега во опозиција го правиме истото, рече Битиќи.