Утрински Весник
Економија

Битиќи по заканите за поскап леб од пекарниците: Спремен сум за порадикални мерки

Битиќи по заканите за поскап леб од пекарниците: Спремен сум за порадикални мерки

По заканите од пекарската индустрија дека ќе поскапи лебот ако не добијат субвенции за исплата на платите, вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, вели дека е подготвен да им помогне, но со нови правила.

dobivaj vesti na viber

„Спремен сум да разговараме. Јас сум спремен и за порадикални мерки во смисла – да, ќе помогнеме, но тогаш државата ќе биде партнер во нивните бизниси“, рече вицепремиерот Битиќи.

Тој потсети дека со пекарската индустрија веќе имале еден џентлменски договор кога разговарале државата да ја субвенционира струјата, а тие да ги намалат цените, но пекарниците не го почитувале договорот.

„Ѝ помогнавме на пекарската индустрија со електрична енергија, која е далеку од пазарната и берзанската цена, но од таа страна го добивме одговорот половично. Само мал дел од стопанските субјекти во пекарската индустрија го исполни она што го ветија, тој џентлменски договор што го имавме. Сега прашањето е дали треба нов џентлменски договор или треба нови правила на воспоставување на пазарот “, вели вицепремиерот Битиќи.

Неговиот став е дека државата не може да им биде партнер на сите стопански субјекти. Може да помогне во тешки времиња, но изјавите, кои имаат карактер на закани, за Битиќи – не се во духот на партнерскиот однос што го градат изминатите години.

Можете да прочитате

До крајот на месецов треба да биде познато какви мерки би се донеле за зголемувањето на цените

УЈП на средба со стопанствениците од Прилеп и со субјектите кои закупиле штандови за манифестацијата „ ПИВО-ФЕСТ 2025“

Дополнетиот ребаланс на Буџетот одобрен од Владата, оди на усвојување во Собранието