Утрински Весник
Економија

Битиќи: Одвоивме над 100 милиони евра државна помош за домашните компании

Biti i.webp.webp

На својот Фејсбук профил, вицепремиерот за европски прашања, Фатмир Битиќи објави податоци за државната помош кон компаниите во изминатите години.

„Инвестираме во нашата иднина: Домашните компании го добија заслуженото место! Денеска со гордост стоиме зад нашето ветување дека ќе им дадеме приоритет на домашните компании, инвестирајќи околу 100 милиони евра во нивниот потенцијал, секогаш создавајќи еднакви услови за сите. Резултатите зборуваат сами – просперитетна економија поттикната од иновативноста и издржливоста на македонските претприемачи.

Завршија деновите кога се даваше приоритет на странските инвеститори а домашните компании беа запоставени. Погледнете ја оваа графика која ги прикажува резултатите од нашата посветеност да поддржиме 919 домашни компании преку ЗФПИ!“ стои во објавата на Битиќи.

Можете да прочитате

Просечната нето-плата во мај изнесува 45.796 денари

ВМРО-ДПМНЕ: СДС нема кредибилитет да говори за енергетиката, нивниот Васко Ковачевски ја испокраде државата во случајот Адитив и избега

УЈП со засилени контроли на таксистите