Утрински Весник
Економија

Битиќи: Од зависност, кон меѓузависност, ова е клучот за енергетска стабилност за целиот регион

Битиќи: Од зависност, кон меѓузависност, ова е клучот за енергетска стабилност за целиот регион

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, денеска се обрати на панел на Конференцијата за инвестиции во обновливи извори на енергија во земјите од Западен Балкан, во организација на претседателот на Србија Александар Вучиќ и Амбасадата на Кралството Норвешка. Панел-дискусијата беше посветена на можностите за инвестиции во земјите од Западен Балкан од страна на норвешки инвеститори.

dobivaj vesti na viber

На почетокот на панелот вицепремиерот Битиќи посочи дека Северна Македонија има одлични временски услови за обновливи извори на енергија бидејќи имаме повеќе од 260 сончеви денови за фотоволтаици, но во исто време добри услови и за ветерни паркови, продолжувајќи дека покрај овие први услови, следна важна е законската рамка.

„Во оваа насока, со гордост можам да кажам дека Северна Македонија нуди јасно дефинирана правна рамка за инвестирање во обновливи извори во земјата и е во согласност со законодавството на ЕУ“, истакна Битиќи.

Додавајќи дека имаме либерализиран пазар за енергија, за така наречени големи потрошувачи, но инвеститорите може да ја извезуваат енергијата и на други пазари. Имаме добри мрежни врски со нашите соседи и во исто време инвестираме за зголемување на капацитетите на мрежата.

„Процедурите се поставени, а ние секојдневно работиме на нови решенија и пристапи со цел да се поедностави што е можно повеќе. Улогата на Владата е да создаде поволна средина за инвестирање и за ова мислам дека даваме сè од себе. Како влада и како земја која е на патот кон ЕУ интеграција, го поставивме патот за активностите за климатски промени со усвојување на европското законодавство за клима, како и Парискиот договор каде што се обврзуваме на исполнување на нашите обврски. Во меѓувреме, ние како држава инвестираме во обновливи извори преку ЈПП или чисти државна инвестиција, за да бидеме пример и да бидеме први што ќе ја започнеме транзицијата од производство на енергија од фосилни горива, главно јаглен, кон зелена и јаглеродно неутрална енергија“, додаде Битиќи.

Можете да прочитате

Последни два дена за амандманска расправа за Предлог-Буџетот за 2025 на матичната собраниска Комисија

Дурмиши: Oд март 2025 зголемување на минимална плата

УПОЗ не отстапува од барањето за покачување на минималната плата на 450 евра