Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Битиќи: Од наредната учебна година 600 ученици од ОУ „Лирија“ ќе следат физичко образование во модерна спортска сала

Битиќи: Од наредната учебна година 600 ученици од ОУ „Лирија“ ќе следат физичко образование во модерна спортска сала
300x250 opst2

„Над 600 ученици од Основното Училиште ,,Лирија” во Општина Чашка, од наредната учебна година, предметот Физичко образование ќе го реализираат во новата спортска сала која се гради, за која се одвоени над 317 илјади евра од ТАВ програмата“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, при денешната посетата на селото Горно Јаболчиште во Општина Чашка.

dobivaj vesti na viber

Битиќи рече дека преку овој проект се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, но истовремено му се става крај на недостатокот на спортска сала во Основното Училиште „Лирија”.

„Оваа сала ќе ја користат над 600 ученици кои ја следат наставата во централното училиште „Лирија“, но истовремено е долгогодишна желба и на младите во Горно Јаболчиште“, изјави Битиќи.

„Преку овие проекти ние ја јакнеме локалната инфраструктура во образовниот процес и задоволен сум кога ја гледам динамиката на реализација на оваа спортска сала. Прогресот на изградбата значи дека во текот на наредната учебна година, учениците од ова училиште предметот физичко образование ќе го следат во модерна сала со современи услови“, изјави Битиќи.

„Општина Чашка во изминатиот период со поддршка на Владата има направено две спортски сали, ова е трета, и ми претставува особена чест што над 600 ученици од основното училиште и уште толку млада популација наскоро ќе можат да ја користат оваа спортска сала, што е желба на сите млади од ова населено место“, изјави градоначалникот на Општина Чашка, Горан Стојановски.

Можете да прочитате

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места

Ацевски: Две нови катни гаражи околу пазарот во Ѓорче – решаваме долгогодишен хаос со паркирањето