Утрински Весник
Економија

Битиќи: Кон крајот на годината ќе добиеме нов модерен мост на Љубљанска кој ќе ги поврзува граѓаните

Битиќи: Кон крајот на годината ќе добиеме нов модерен мост на Љубљанска кој ќе ги поврзува граѓаните

Кон крајот на оваа година ќе добиеме модерен мост со широчина од 24 метри со 4 коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни, едно вистинско архитектонско решение, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

dobivaj vesti na viber

Вицепремиерот Битиќи заедно со генералниот директор на ТАВ, Неџат Курт, изврши увид во градежните работи на мостот Љубљанска во Општина Карпош за кој се одвоени над 6 милиони и 200 илјади евра и ќе поврзе два дела од градот, поточно фреквентните улици „Илинденска“ и „Скупи“, мостот ќе ги поврзе меѓу себе и општините Карпош, Ѓорче Петров, Чаир, Бутел, и Шуто Оризари.

„Задоволен сум од динамиката со која се врши изградбата бидејќи долната конструкција на мостот е завршена и моментално се работи на горниот дел. Веќе е завршено и бетонирањето на главните носачи, попречните носачи и плочата помеѓу крајниот столб и средниот столб и во наредниот период ќе се поставуваат скелиња за поставување на плоча помеѓу столбовите. По завршувањето на работите, ќе добиеме модерен мост со широчина од 24 метри со 4 коловозни ленти, со пешачки и велосипедски патеки од двете страни, едно вистинско архитектонско решение, кое граѓаните на Скопје и на Северна Македонија го заслужуваат. Очекувањата се работите на мостот да се финализираат кон крајот на оваа година“, изјави Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи изрази задоволство за динамиката на започнатите проекти од ТАВ програмата.

Можете да прочитате

Денови на финансиска писменост – 24info.mk

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за идната година

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен