Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Имаме поголеми цени на исти производи од Германија, значи некој профитира на грбот на народот

Img 3654.png

Кога власта би го спровела законот за нефер трговски практики, целосно како што е предвиден тоа ќе донесе регулирање на пазарот и нема да има ваков феномен кој ни се случува. Замислете, во ниво на ниска инфлација да имате зголемување на цени кој се десет пати повисоки од инфлацијата. Ова е феномен. Па не може на 30 километри од Скопје, да имате ист продукт кој е двапати поевтин. И тоа производ кој не е произведен на Балканот, туку во Германија. Не е возможно. Значи, некој тука сака да сака да профитира и да се удира по џебот на граѓаните, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи на гостувањето во емисијата „Дејли клик“, на ТВ 21.

– Државата треба да влезе во регулирање на пазарот преку регулирање на одредени инструменти, како законот за нефер трговски практики кој треба да се спроведе целосно. Владата не е таа која треба да го штити интересот на стопанствениците, туку интересот на граѓаните, затоа што од таму го црпи својот легитимитет, рече Битиќи.


Тој се осврна на неспроведување на законот за трговски практики, високите цени во маркетите, но и сетот мерки кои ги предложи пратеничката група на СДСМ и коалицијата.

– Излеговме со сет од 7 мерки и само тој кој сака да ги прочита ќе ги сфати. Само 5 од тие мерки се за да се намалат трошоците на живот на граѓаните, преку намалување на цените, намалување ДДВ за струја, намалување на ДДВ за основни прехранбени производи, преку 3 илјади продукти, замрзнување на цените, фиксирање на маржа на бруто добивка, како и намалување на цена за зелениот картон, кој сакаме да го ограничиме, како секаде во регионот, со нормална цена. Ние плаќаме најскапо. Годишен зелен картон е некаде 100 евра, ние сакаме тоа да не биде повеќе од 20% од сегашната цена и да го добијат сите при сама регистрација, рече Битиќи.

Битиќи потенцираше дека со сетот на мерки, до 30% би се намали цените, но и со спроведување на законот за нефер трговски мерки.

– Во нашето владеење и ние имавме инфлација, но имавме зголемување на плати и приходи. Реално и тогаш се зголеми животниот стандард, но платите беа зголемени. Сега имаме зголемени трошоци на живот, трошиме повеќе, а платата стагнира, па дури и просечната плата се намалува, рече Битиќи.

Можете да прочитате

Меџити ветува илјадници вработувања, Минчев го обвинува за популизам

Кај Демир Капија – Смоквица до крај на месец мај ќе има измена на сообраќај, односно целосно затворање на „Тунел Т2“

Спасовски: Македонскиот јазик е европски и светски признат