Утрински Весник
Македонија

Битиќи ги покани медиумите в сабота заедно да проверуваат дали во маркетите има зголемување на цените на производите

Bitiki.jpg

„Ве поканувам в сабота да ми се придружите, ќе одиме во шест различни маркети со различни брендови да ги видиме цените на еден до два производа и ако има навистина зголемување в понеделник ќе отидеме во Комисијата за заштита од конкуренција да поднесеме претставка“, вели вицепремиерот Битиќи

Доколку се утврди дека има картелски здружувања меѓу трговците по укинувањето на мерката „Гарантирана цена“ на прехранбените производи, ќе поднесам нова претставка до Комисијата за заштита од конкуренција, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Битиќи најави дека в сабота ќе оди да посети шест различни маркети за да види дали има зголемување на цените кај прехранбените производи, а ги покани и медиумите да му се придружат.

Според него, од извештаите од Државниот пазарен инспекторат досега нема индиции дека има договорено зголемување на цените.

„Сакаме да видиме дали има индиции за договорено зголемување на цени. Ако има зголемување само во одреден маркет, тоа може да е од икс причини, односно може да биде местото на добавувачите или од каде што го земаат, да имаат повисоки цени, но ако се случи кај сите истовремено за ист производ, тогаш може да има индиции за договорено зголемување на цени. Такви индиции досега од извештаите што ги читаме од ДПИ, не добиваме“, додаде Битиќи.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор