Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Два пати колабирав во Влада поради покачен шеќер

Whatsapp Image 2025 01 05 At 20.46.03 Dfe8cb05.jpg

Пратеникот во Собранието и поранешен вицепремиер Фатмир Битиќи во 11тата епизода од поткаст ЗРАК со д-р Марина, зборуваше за неговата борба против дијабетесот. 

Битиќи, кој првпат јавно зборува за неговата болест, низ лични примери кажа ни што се поминувал и како дијабетот му влијае на секојдневниот живот. 


“Додека бев дел од Владата се случило неколку пати да добија хипогликемија или хипергликемија, но вообичаено добивав хипергликемија и еве ќе кажам, малку луѓе го знаат тоа освен тие што работат со мене, два пати колабирав на работа. Еднаш со обилно повраќање до бессознание.Тие што работеа со мене знаеја за мојата болест и се грижеа за моето здравје“ рече Битиќи. 

Тој кажа дека дијабетот го добил на свои 37-38 години и дека оттогаш е дисциплиниран во регулирањето на шеќерот во крвта. 

„Јас секогаш со мене си носам една ташничка во која ми е целата потребна терапија“ порача Битиќи. 

Можете да прочитате

Гаши го честиташе Божиќ – 24info.mk

Утрово најстудено во Берово, најмногу снег на Попова Шапка

Герасимовски: Честит и вековит Божиќ, човечноста нека биде нашата водилка