Утрински Весник
Македонија

Битиќи: Агенцијата за катастар на недвижнини дава податоци кои се важни за целокупниот развој

Битиќи: Агенцијата за катастар на недвижнини дава податоци кои се важни за целокупниот развој

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи заедно со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев се обратија на отворањето на конференцијата организирана од Агенцијата за катастар на недвижности по повод 95 години геодетски премери и 75 години Геодетска управа.

dobivaj vesti na viber

Битиќи ја истакна важноста на Агенцијата за катастар на недвижности, која не е место каде што технички лица внесуваат мапи, туку е место на податоци, кое овозможува развој на сите полиња.

„Она што треба да го разбереме за Агенцијата за катастар на недвижности и нејзината дигитализацијата е дека податоците со кои располагаме имаат вредност само доколку правилно се употребат и соодветно се вкрстат, односно интраперабилноста помеѓу истите.

Продлабочувањето на знаењето за нивната вредност како и начините на нивно поефикасно собирање, вкрстување и презентирање, за да може да се искористи нивниот максимален потенцијал е есенцијално“, рече Битиќи.

Директорот Тунџев во своето обраќање се осврна на развојот на Агенцијата за катастар и подобрувањето на услугите кои ги нуди на граѓаните.

„Агенцијата за катастар на недвижности ги поедностави процедурите и сега рокот за запишување се скрати од месец и подолго на не повеќе од 1 до 2 дена, катастарските податоци се достапни на интернет, овозможен е директен пристап до податоците од катастарот за нотарите, приватните геодети, општините и останатите институции, овозможено е електронско поднесување на пријавите за запишување  промени за трансакции на имот, овозможено е електронско добивање на имотен лист, копија од катастарски план и уште многу други услуги кои нашата институција прават да функционира на принципите на легитимност, стручност, ефикасност, транспарентност, сервисна ориентираност, професионалност и одговорност“, потенцираше Тунџев.

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа