Утрински Весник
Македонија

Бит Пазар, Центар и Кисела Вода ноќеска мета на полицијата: Уапсени се повеќе лица

Policija Nokje.jpg

Денеска (15.09.2024) во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.И.(29) од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На 14.09.2024 во 23.55 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Т.Н.(25) од Ресен поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 18.00 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Истиот ден во 18.55 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода А.И.(20) од Скопје, поради тоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите ќе следува соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова се сретна со Санчез, разговараа за македонската евроинтеграција и зголемувањето на економската соработка

КАМ соопшти дека на сите вработени за 2025 ќе им исплати рекорден К-15

Гори во Валандово и Дојран – МВР испраќа хеликоптер