Утрински Весник
Економија

Бислимовски дозволи зголемување на цената на водата

Бислимоски: Произведената струја од обновливи извори може да снабди 65.700 домаќинства

Скопјани ќе плаќаат нова цена на водата.

dobivaj vesti na viber

РКЕ определи минимален и максимален износ на цената на водата во Скопје, соопшти денеска првиот човек на Комисијата, Марко Бислимовски.

„Донесена е одлука за минимална и максимална тарифа. Постојната тарифа е 31,87 денар. Минимална тарифа се утврдува на 31,51 денар поради помошта што ја добиваат за пониска цена на електричната енергија, а максималната тарифа е утврдена на 34,82 денари. Јавното претпријатие ‘Водовод’ има три опции за утврдување на цената. Според едната, тоа може да утврди цена еднаква на минималната или максималната или да изберат некоја средна цена. За таа цена треба да одлучи Советот на Град Скопје“, рече Бислимовски.

Тој додаде дека скопски „Водоводж“ уште минатата година побарал зголемување на цената на водата над 30 денари.

За новите тарифи што ќе бидат доставени до ЈП „Водовод и канализација“ ќе одлучува Советот на Град Скопје, рече Бислимовски.

Можете да прочитате

Мицкоски очекува успешна сезона за лозарите

Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

Во Одборот на директори на ЗК Пелагонија влегува Јове Кекеновски