Утрински Весник
Македонија

Бислимоски: Инвестицијата во гасна централа во Скопје носи заштеда од 10 милиони евра годишно за народот на Македонија

Bislimoski E1703056281198.webp.webp

„Цената од 56 евра од фотоволтаичниот парк Стипион е најниска во регонот. Косово распиша тендер каде почетната цена на аукција беше од 65 евра за мегават час, но за таа цена никој не се јави. Сега распишаа тендер со цена почетна од 75 евра за мегават час, каде се јавија шест заинтересирани инвеститори, но таа е минимална цена и ќе оди нагоре“ рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека во Србија на аукции цената која се доби е 88 евра за мегават час, а исто така во Грција цената е околу 68 евра.

„Ова што го нуди Стипион е најниска цена“ рече Бислимоски.

Претседателот на РКЕ спореди дека производната цена на термоелектраната РЕК Битола е 110 евра за мегават час, поради што цената од 56 евра е позитивна за ЕСМ.

„Конкретно цената по која ЕСМ продава моментално на универзалнито снабдувач е 58 евра“ рече Бислимоски.

Можете да прочитате

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје

(Видео) Со колони знамиња прославено во Скопје Денот на албанското знаме