Утрински Весник
Балкан

БиХ ќе добие зелено светло за почеток на преговорите со ЕУ

BiH EU scaled.jpg

Босна и Херцеговина ќе добие зелено светло за почеток на преговорите за влез во ЕУ, а Европската комисија треба да ја објави таа вест во вторник, со што ќе се отвори патот земјата конечно да стане членка на Унијата, пишува Политико. ЕУ ѝ додели на Босна и Херцеговина кандидатски статус во декември 2022 година, пренесува „Н1“. Европската комисија сега ќе ѝ даде на таа земја позитивна препорака за почеток на официјалните пристапни преговори, изјавија за Политико двајца претставници на ЕУ и еден дипломат, а пренесува „Н1“. Украина и Молдавија, исто така, треба да направат чекор понатаму во процесот на проширување. Европската комисија во вторник ќе ги предложи таканаречените преговарачки рамки кои ги одредуваат насоките и основните принципи на нивните пристапни преговори. Потоа останува на земјите од ЕУ да разговараат за овие текстови. Дипломати и претставници на ЕУ предупредуваат дека договорот меѓу 27-те европски земји, кој е неопходен за официјален почеток на преговорите, најверојатно нема да биде постигнат пред европските избори во јуни. За некои земји од ЕУ, вклучително и Австрија, од витално значење беше напредокот во Украина и Молдавија да оди рака под рака со напредокот во идното пристапување на Босна и Херцеговина. Следниот чекор сега е лидерите на ЕУ да разговараат за препораката за Босна и Херцеговина на нивниот состанок во Брисел следната недела, пренесува Политико.

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја погоди Грција

Медиумски здруженија повикуваат на протест поради напади врз новинари во Србија

„Безбеден град“ и во Атина, паднаа и првите казни