Утрински Весник
Македонија

Бигорскиот манастир реагира дека има злоупотреба на нивното име за продажба на лекови

Bigorski manastir so pogled kon paraklisot na sv. nikola.jpg

Бигорскиот манастир реагира поради лажни интернет-страници и реклами кои користат името на манастирот за промоција на наводни „чудотворни“ лекови, како што е препаратот „BoneControl“.

Манастирот категорично соопштува:

Нема никаква врска со овие производи – не произведуваме, не рекламираме и не продаваме медицински препарати.

Сите изјави или препораки од името на монасите се лажни.

Станува збор за интернет измама која се обидува да профитира од довербата на верниците.

Апел до граѓаните:

Не купувајте овие производи. Не оставајте лични податоци на сомнителни веб-страници.

Единствено автентични производи се достапни во манастирската продавница или на официјалните канали на манастирот.

За случајот ќе бидат известени надлежните органи за компјутерски криминал, се наведува во соопштението од Братството на Бигорската свештена обител.

Можете да прочитате

КЗК „удри“ по осигурителните компании: Добија казни од 17 милиони денари за картелско здружување!

Уапсена 24-годишна девојка во Тетовско: Возела пијана и предизвикала сообраќајна незгода

Во прекин сообраќајот на ГП Богородица од грчка страна поради штрајк на земјоделците