Утрински Весник
Македонија

Бигорскиот манастир бара извинување од организаторите на Вевчанскиот карневал поради непристојното исмевање на Господ

Whatsapp Image 2024 01 13 At 18.53.59 1024x683 1

Василирачите, според традицијата, денеска на крајот од карневалот во Вевчани ги палат маските со кои се потсмеваа со општествените и политичките случувања кои ја одбележаа минатава година. Реакциите по годинашното издание на Вевчанскиот карневал не стивнуваат. Православните верници реагираа на маската со Исус и крстовите од гајби, Албанците се лутат за кечето на маската со која беше претставен „новиот директор на М-НАВ“. Реагирааат и од Бигорскиот манастир, од каде барат извинување од организаторите на Вевчанскиот карневал, за, како што велат, исмевањето на Господ.  „Длабоко повредени од непристојноста и од богохулното исмевање на Божествената Личност на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, воедно и на Сечесниот Крст, на т.н. Вевчански карневал, гласно повикуваме на јавно извинување од организаторите и од учесниците во тоа несреќно светогрдие, како и на превенирање на слични случувања во иднина. Се сеќаваме дека кога во минатото токму на овој карневал се случи поигрување и со чувствата на верниците од исламска вероисповед, што предизвика бурна реакција на муслиманите во Македонија, се воспостави една своевидна практика да се избегнуваат маски со содржини коишто ќе предизвикуваат навреда кон верските чувства – нешто што како апел беше упатено и од општинската власт во Вевчани. Оттука, се прашуваме зошто, имајќи го предвид негативното искуство од минатото, сега некој решил да ги злоупотреби и христијанските симболи, и тоа на еден најпонижувачки и најнедостоинствен начин? Секако, според нас, поигрувањето и исмевањето со верските чувства на која било верска деноминација е злодело за кое се одговара не само пред Божјиот, туку и пред државниот суд. По овој немил повод, би сакале повторно да напомнеме за карактерот на овие световни манифестации, со коишто на еден потполно туѓ на нашиот менталитет начин, се одбележува споменот на Св. Василиј Велики и почетокот на Новата година според Јулијанскиот календар“, се вели во реакцијата од Бигорскиот манастир.

Можете да прочитате

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали

СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани