
Метео анализа на Славчо Попоски:
Започнаа врнежите од дожд и од снег во Македонија и тоа поради влијанието на циклонот кој се формираше над Јонско море и јужен Јадран. Во овие моменти врнежи имаме во поголемиот дел од Македонија и дожд претежно врне сеуште во градовите а во повисоките населени места, планините и на Скијачките центри врне снег и таму владее вистинска снежна убавина.

Според табелата која ја објави УХМР до 7 часот утринава најмногу дожд има наврнато во Гевгелија и тоа 12 литри на метар квадратен дожд. Во исто време најладно со измерени -4 степени беше на Попова Шапка а 7 степени беа измерени во Гевгелија.
Во текот на денов снежната граница ќе се спушта па така врнежи од снег ќе има и во дел од градовите особено во западните, северните и во источните предели од Македонија и тоа поради дополнително спуштање на ладен воздух од север.
Апелирам поради очекуваните нови врнежи од снег возачите да бидат внимателни особено доколку се движат низ планинските превои.


