Утрински Весник
Македонија

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Во следните часови, како и вечерва доаѓа ново силно невреме во Македонија

Download.jpeg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Територијата на Македонија продолжува да биде под влијание на циклонската активност која е со центар над Средоземјето. Во вакви околности денес попладне и во вечерните часови во поголем дел од Македонија ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Локално и на повеќе места повторно процесите ќе бидат застапени во форма на силно невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време кој би можел да предизвика локални поројни поплавувања, силен ветер, силни грмежи и електрични празнења како и со појава на крупен град. Вакво силно невреме особено се очекува во западната половина од државава, како и во северните предели.

Услови за ново посилно невреме ќе има и во делови од Скопската котлина. Апелираме во случај на појава на силно невреме и на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, исто така во случај на појава на крупен град автомобилите да се заштитат. Инаку продолжуваат високите температури во Македонија, па така максимумот на истите ќе се искачува во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје до околу 35 степени.

Можете да прочитате

Комисијата за надзор на работата на АНБ утре ќе одржи седница, со неа ќе претседава Скендер Реџепи

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

СДСМ: Нов скандал на власта, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ