Утрински Весник
Македонија

БИДЕТЕ КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ: Влажниот и студен бран продолжува во Македонија, ќе продолжи зголемувањето на снежната покривка!

T2m 025 Crop 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Влажниот  и студен бран од север во Македонија ќе се задржи и до крајот на денешниот ден (недела). Ќе имаме облачно и студено време со повремени врнежи од дожд кој повремено на повеќе места ќе бидат пообилни и локално ќе наврнат нови над 30 литри воден талог.

На планините, како и на повисоките места, особено во западните предели од Македонија врнежите ќе бидат од снег, каде ќе продолжи зголемувањето на снежната покривка. Снежната граница, особено во западните предели ќе се спушти до околу, а можно е  и под 1000 метри надморска височина. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

И во Скопскиот регион времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на околните планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен и од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие денес ќе се искачуваат во интервалот од 1 до 8 степени. Во Скопје максималната температура денес ќе се искачи до околу 5 степени.

Апелирам, доколку патувате кон планинските превои да бидете крајно внимателни како управувате со своите возила, и тоа поради продолжувањето на врнежите од снег се до крајот на денешниот ден.

Можете да прочитате

Седница на ИО на СДСМ: Против зголемување на старосната граница за пензионирање, нема да ги поддржиме интерпелациите од ДУИ

Сообраќајот се одвива во зимски услови, појава на магла на планинскиот превој Буково и крак Маврово-Маврови анови

Се бара притвор за скопјанец кој тешко ја повредил сопругата при семејно насилство