Утрински Весник
Македонија

Бидете крајно внимателни, доаѓаат невреме, грмежи и појава на град!

Meteoalarm.mk 11 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на фронтално пореметување, односно атмосферски фронт со поладен воздух на висина кој ќе биде присутен над нашиот дел од Европа, во нашата Македонија следува постепена дестабилизација на Атмосферата, па така локално, особено во попладневните  и во раните вечерни часови ќе се развиваат конвективни грмотевични облачни јадра од кои очекувам појава на поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.


Поради загреаната атмосфера која е исполнета со енергија, локално Атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со електрични празнења, силен ветер  и со појава на град, кој во ваква ситуација би можел да биде покрупен.

И во делови од Скопскиот регион во попладневните  и во раните вечерни часови во следниот период можна е појава на локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме. Што се однесува до температурите, тие остануваат без поголеми промени и нема да бидат премногу високи и тие ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34/35 степени. Во Скопскиот регион температурата ќе се искачи до околу 34/35 степени.

Апелирам, во случај на појава на невреме  и на електрични празнења, во следниот период да се обрати поголема внимателност, односно, да не се претстојува на отворен простор  и под осамени дрвја. Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните своите автомобили да ги заштитат, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено оние дрвја кои се постари и осамени.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист на секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку пари од донации земале од осомничените од Пулс?

Денес завршува првото пријавување од јунскиот рок за упис во средни училишта

Љутков од Битола: Започна реконструкција и адаптација, на поранешното кино Партизан, капитален проект вреден 96 милиони денари