Утрински Весник
Спорт

Биатлонецот Најденоски се пласира на 90. место на младинските ЗОИ во Гангвон

20240120142609 Big 730x400 31

Првиот натпреварувачки ден на 4. Зимските младински олимписки игри во јужнокорејскиот град Гангвон ја донесе трката во биатлон на 12.5 километри на која меѓу 100 пријавени учесници настапи и македонскиот биатлонец Благоја Најденоски.

Македонскиот 18-годишен претставник ја заврши трката на 90. место, заостанувајќи 14:53,3 минути зад победникот Антонин Гај од Франција. Среброто го освои Норвежанецот Сторм Веитсле, а бронзата Маркус Скленарик од Словачка.

Претходно, денеска на олимписките борилишта во Гангвон се појави и македонската биатлонка Андријана Кајевска, која во трката на 10 километри го освои 97. место во конкуренција на 98. учеснички.

Во четиричлената македонска експедиција на „Гангвон 2024“ се и Давид Торевски и Матеа Трајковска, кои ќе настапат во крос кантри.

На Зимските младински олимписки игри  во Гангвон се пријавени над 1.800 спортисти на возраст од 15 до 18 години од 80 држави.

 

Можете да прочитате

Манчестер сити на домашен терен прегазен од Тотенхем

Енди Мареј е нов тренер на Новак Ѓоковиќ

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига