Утрински Весник
Магазин

Би-би-си: Интересни моменти од 65. издание на „Греми“

Би-би-си: Интересни моменти од 65. издание на „Греми“

Во неделата вечерта во Лос Анџелес се одржа доделувањето на Греми-наградите, а трофеи добија сите од Ози Озборн и Адел до Вили Нелсон и Бијонсе, пишува Марк Севиџ од британски Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

Хари Стајлс ја доби посакуваната награда за најдобар албум, Вајола Дејвис се стекна со статусот ЕГОТ, Бијонсе стана најнаградуваниот изведувач во историјата на „Греми“.

Музичкиот дописник на Би-би-си издвои неколку интересни моменти на вечерта, која, според него, имаше многу пресврти.

„Што треба да направи Бијонсе за да освои ‘Греми’ за најдобар албум?“, прашува тој во својата колумна.

Оваа година Renaissance беше претпоставениот фаворит за албум на годината. Но, четврти пат во кариерата Бијонсе беше победена во категоријата „Најдобар албум“. Овој пат круната ја зеде Хари Стајлс. Претходно тоа беа Бек, Адел и Тејлор Свифт. Која е пораката што „Греми“ се обидува да ја испорача овде? Се чини дека е: престанете да бидете толку впечатливи и напишете музика со која се чувствуваме удобно!

Во колумната има и коментар за музичарите кога го примаат трофејот. „Сите треба да работат на своите говори, освен Лизо. Изгледа дека не беше голема ноќ за држење говори“.

Понатаму, како и многумина, така и Севиџ забележа дека Бен Афлек не е импресиониран. Тој присуствуваше на церемонијата за да ја поддржи својата сопруга и очигледно дека целиот настан му беше прилично досаден.

Фотографии на кои тој се чини целосно незаинтересиран, не помрднувајќи го телото и вртејќи ја главата како Стиви Вондер додека Џенифер Лопез танцува на својот стол набргу се појавија на социјалните мрежи.

„Колку и да сте имале лош ден, сигурен сум дека не се чувствувате толку бедно како Бен Афлек на ‘Греми’ во моментот“, напиша еден набљудувач. „Можете да видите како неговите батерии се празнат во реално време“.

„Греми“ со задоцнување сфати дека хип-хопот е прилично добар.

Тоа беше голема ноќ за Ким Петрас.

Сем Смит и Ким Петрас освоија трофеј во категоријата „Најдобра соработка на поп дуо/бенд“ за својата секс-мелодрама Unholy, која ја изведоа на сцената со Смит облечен како ѓавол.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста