Утрински Весник
Македонија

БГНЕС: Урсула во минута ги распрска лагите на Мицкоски

24102024 Mickoski Fon Der Lajen 1.jpg

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен за неполна минута ја уништи сета антиевропска и антибугарска пропаганда на владата на Христијан Мицкоски, пишува БГНЕС околу посетата на високата функционерка на ЕУ во Скопје.

„Стоејќи блиску до него и гледајќи право во неговите очи, Урсула многу јасно и категорично му кажа: Промените на Уставот се ваша должност. Коридорот 8 е стратешки важен за Европа.  Мицкоски, кој со години зборува за бугарски диктат, за европско понижување и тврди дека има поддршка од големите европски земји за неговите предлози – задоцнет ефект на промените во Уставот – не се осмели ниту индиректно да повтори некои негови лаги. Затоа, јасни се заклучоците од денешната посета на претседателката на Европската комисија на Скопје: Режимот на Мицкоски ги мами своите граѓани. Нема да се дозволи ликвидација на европските стратешки коридори кои минуваат низ територијата на РСМ“, пишува БГНЕС.

Можете да прочитате

Доне Таневски продаде голем удел од акциите во „Македонија турист“ – „Скопски пазар“ на Фатмир Етеми ја зацврстува позицијата на втор најголем акционер

Лукаревска: СДСМ поднесе амандман за поддршка на зелената транзиција и намалување на загадувањето

НСО: Исплатени обврските кои беа заостанати од потпишувањето на колективниот договор