Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Безвременски шарм: Синди Крафорд на корицата на полскиот „Вог“

Безвременски шарм: Синди Крафорд на корицата на полскиот „Вог“
300x250 opst2

Синди Крафорд ги покажува своите бескрајни нозе додека позираше за насловната страница за претстојното ноемвриско издание на полскиот „Вог“ оваа недела.

dobivaj vesti na viber

56-годишната убавица зрачи самодоверба додека позира без долна облека во црн фустан со одважен шлиц, кој ја открива нејзината затегната фигура.

Синди, која се прослави како еден од легендарните супермодели од 90-тите, го насочи својот најдобар заводлив поглед кон камерата.

На друга фотографија, некогашната икона на модните писти позира во црн фустан со качулка и голем шешир.

Фотосесијата ја направи аргентинската фотографка Паола Кудацки, чии клиенти се низа познати личности од Бијонсе и Серена Вилијамс до Роберт Редфорд и Педро Алмодовар.

„Вог Полска“ во ноемвриското издание се фокусира на икони, а Синди се вбројува во славната категорија.

И денес, кога е во средината на петтата деценија, Синди продолжува да блеска со својата харизма и неминлива убавина.

Можете да прочитате

„ГРАДОНАЧАЛНИК“ – нова едукативна онлајн игра за млади

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?