Утрински Весник
Магазин

Безос и Лорен ја закотвија јахтата во Дубровник

Безос и Лорен ја закотвија јахтата во Дубровник

Џеф Безос и свршеницата Лорен Санчез го продолжуваат крстарењето на Медитеранот на неговата мегајахта вредна 500 милиони долари, а во средата навечер беа забележани во Дубровник заедно со пријателите Кети Пери, Орландо Блум и Ашер, објави „Дејли мејл“.

dobivaj vesti na viber

На фотографиите што беа споделени во таблоидите еден ден потоа малото друштво шета на живописните улици на историскиот град опкружен со ѕидини уживајќи во раната вечерна светлина.

Придружувани од инфлуенсерот Дерек Бласберг и неколку телохранители, кои ги држат љубопитните туристи на растојание, тие се движеа по Страдун – главната пешачка улица, опкружена со ресторани, барови и продавници.

Санчез (53) на себе има зелено здолниште од берлинскиот дизајнер Отолингер, во комбинација со црн кус топ и златни сандали во грчки стил.

Нејзиниот свршеник (59), основач на „Амазон“, е облечен во бели чино-панталони и темносина маица.

Можете да прочитате

Се прослави како чудотворец – Денес го славиме светиот апостол Филип

Ѕвезден судар утре: Некои знаци ќе блеснат, други ќе паднат под притисок – кој е на удар?

Овој мал утрински ритуал може да ве ослободи од сите грижи – утре го славиме светителот со златна уста