Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Безос ја напушти Хрватска, персоналот на јахтата се опушти по неговото заминување

Безос ја напушти Хрватска, персоналот на јахтата се опушти по неговото заминување
Img 7972

По еднонеделен одмор, американскиот милијардер и еден од најбогатите луѓе на светот, Џеф Безос, го напушти хрватското приморје со својата свршеница Лорен Санчез.

dobivaj vesti na viber

Екипажот на јахтата на Безос, конечно, се опушти откога газдата и неговите пријатели завршија со крстарење на Медитеранот. Вработените имаа весела дружба, се забавуваа и скокаа во морето. Фотографиите се направени во близина на островот Хвар, пренесуваат хрватски медиуми.

Вработените на јахтата не го кријат доброто расположение, па се чини дека едвај го дочекале својот одмор од работа.

Безос и неговата свршеница Лорен Санчез во понеделникот заминаа од Хрватска, 7 дена по впловувањето на Јадран. Локалните медиуми пренесуваат дека јахтата ја напуштиле со хеликоптер по што се префрлиле во приватен авион, кој ги чекал во Сплит.

„Кору“ е долга 127 метри, може да прими 18 гости и има екипаж од дури 40 луѓе. За годишно одржување и погон на овој луксузно пловило, Безос мора да издвои околу 25 милиони долари.

Јахтата за која Безос плати 500 милиони долари има и хелиодром.

Можете да прочитате

Креативна есен во срцето на Скопје – Есенски базар за поддршка на современите занаетчии

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима