Утрински Весник
Скопје

Безбедна водата за пиење во Скопје: Сите анализи се во согласност со прописите

Bez Voda.jpeg

Водата во Скопје е безбедна, резултатите од испитувањата одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, објавувајќи го неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во главниот град.

Како што информира претпријатието, анализите се спроведени од Секторот за санитарна контрола во периодот од 14 до 18 октомври 2024.

За анализата биле земени 202 примерока за физичко-хемиска и 202 примерока за микробиолошка анализа на вода за пиење од 46 мерни места во Градот Скопје

Можете да прочитате

ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена

Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство

Општина Центар со бесплатни стоматолошки прегледи за децата и пензионерите