Утрински Весник
Спорт

Без Зајков, Адеми и Димитриевски против Ф. острови

Без Зајков, Адеми и Димитриевски против Ф. острови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Македонија со победа ги отвори квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Македонија, синоќа со головите на Елмас и Чурлинов, ја победи Малта во Скопје со 2:1.

dobivaj vesti na viber

Македонија во второто коло во Ц-групата е слободна. Терминот ќе биде искористен за контролен натпревар со Фарските острови. Дуелот ќе се одигра в понедлник во Скопје.

За натпреварот со Фарските острови, селекторот Благоја Милевски нема да може да смета на Ѓоко Зајков, Аријан Адеми и Столе Димитриевски. Исто така во тимот ќе го нема и Дориан Бабунски кој поради повреда не беше во комбинација за дуелот со Малта.

Зајков, синоќа беше хоспитализиран, поради потрес на мозокот. Според најновите информации тој се чувствува добро, но поради правилата на ФИФА, ќе мора да паузира една недела.

Адеми, заминува на промоција во новиот клуб, Пекинг Гуан. Тој не настапи против Малта. Голамнот Столе Димитриевски доби дозвола да се врати во Шпанија поради клупски обврски.

Фото/ffm.mk

Можете да прочитате

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Наполи поразен во Удине – 24info.mk