Утрински Весник
Скопје

Без вода дел од корисниците во општините Карпош и Гази Баба, како и во село Трубарево

Voda.jpg

Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека денеска без вода ќе останат корисниците од село Трубарево, како и дел од корисниците во општините Карпош и Гази Баба. 

Поради изведување на приклучок од Ф-100мм на ул. „20“ бр.6 во село Трубарево, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до санирање на дефектот. 


Поради уличен дефект Ф-400мм на булевар „8. Септември“ во населба Карпош, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од бул.„Илинден“ до кружен тек ( Хотел Александар Палас, спортскиот центар Борис Трајковски и базентот). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. 

Поради промена на шибер Ф-80мм на ул. „Коце Металец“ во населба Железара, прекинато водоснабдување ќе имаат кулите од истата улица со број 2А,2Б,2В,2Г, а водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот. 

Можете да прочитате

Дводневна работилница за чист воздух и одржливи градови во рамки на проектот за моделирање на квалитетот на воздухот 

ЈСП ќе сообраќа по неделен возен ред во идните три дена

Во Скопје отворен нов шелтер центар за жртви од семејно насилство