Утрински Весник
Спорт

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Fudbal.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Комитетот за итни прашања на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) одлучи дека нема да бидат пуштени билети во продажба за претстојниот квалификациски натпревар за пласман на Светското првенство 2026 меѓу Србија и Албанија, кој ќе се игра на 11 октомври во Лесковац

Како што е соопштено, влезот на стадионот ќе биде овозможен исклучиво преку „контролирана дистрибуција на билети до фудбалската заедница, регионалните здруженија, клубовите, фудбалските школи, спонзорите и официјалните гости, претставниците на медиумите, како и медицинските и техничките тимови“.


Влезниците ќе бидат персонализирани, а ќе има строги безбедносни проверки на влезовите на стадионот.

Во соопштението на ФСС се потсетува дека последниот натпревар меѓу Србија и Албанија, одигран во Белград во 2014 година, беше прекинат по инциденти, кои доведоа до тешки последици за српската репрезентација.

„Со оглед на тие искуства, како и проценките на ФИФА, упатствата на Министерството за внатрешни работи и консултациите со УЕФА, донесена е одлука натпреварот во Лесковац да биде организиран под највисоки безбедносни мерки. На трибините нема да има гостински навивачи“, соопшти ФСС.

Можете да прочитате

Десетта победа за ТФТ во првенството

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025