Утрински Весник
Скопје

Без струја денеска делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај

Struja.webp.webp

Без електрична енергија денеска ќе бидат повеќе делови од Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД.

Без струја денеска од 08.30 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците на дел од улица „Васил Стефановски“ и „20ти Октомври“, во Општина Центар. 


Во периодот од 08.30 до 11.00 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците на улициет 4 и 10 во сарај кај Џамијата, во општина Сарај. 

Без струја во периодот од 09.00 до 12.00 часот, ќе бидат дел од корисниците на улица „Ловќинска“ кај Германска Амбасада, во општина Карпош. 

Во периодот од 01.00 до 13.00 часот без струја ќе бидат корисниците на улиците „Михајл и Ефтихиј“ и „Георги Димитров“, во општина Кисела Вода. 

Без струја во периодот од 11.00 до 14.00 часот ќе бидат корисниците на улиците 18, 38 и 40 во Стајковци, во општина Гази Баба.

Можете да прочитате

Орце Ѓорѓиевски се сретна со поранешниот претседател Ѓорге Иванов

Возачите на ЈСП ќе си ја плаќаат казната ако поминат на црвено

Ѓорѓиевски: Градот полека застанува на нозе, го враќаме достоинството на скопјани