Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од неколку скопски оштини, како и населени места во Студеничани

Struja.webp.webp

Без електрична енергија денеска ќе бидат делови од неколку населби во градот Скопје и од околните населени места.

-Како што соопшти РЦУК Скопје, по известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 08.00 до 14.00 часот, без струја че бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче ( општина Аеродром), од 08.30 до 14.30 часот, корисниците од ул. 4 и ул. 10 во Сарај. ( општина Сарај ), а од 08.30 до 16.00 часот, корисниците на области од Мала Река, Алдинци, Караџица и Солунска Глава ( општина Студеничани ).


Во периодот од 09.00 до 12.00 часот ќе останат бвез струја и корисниците од бул. Борис Трајковски лоцирани од раскрсницата со патот кон Лисиче према Охис, ул. 1523, кон Драчево од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на Циле Инжинеринг и Интеграф. ( општина Кисела Вода), во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули лоцирани околу српската амбасада. ( општина Центар), од 09.00 до 14.30 часот, дел од корисниците од ул. Пијанец.( општина Карпош ) и во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците на блокот згради лоцирани на потегот од бул. Партизански Одреди бр. 17 кон ул. Максим Горки. ( општина Центар ).

Можете да прочитате

Кисела Вода започнува акција за отстранување на хаварисани возила

Во Скопската Зоолошка градина одбележан Светскиот ден на лицата со Даунов синдром

Потпишан договор за изградба на нова поликлиника во Бутел