Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од Кисела Вода и Сарај

Struja.webp.webp

Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат делови од општините Кисела Вода и Сарај. 

Како што информира утринава Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, повикувајќи се на информации од ЕВН Македонија, во периодот од 08:15  до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат дел од селото Кондово пред Медреса во општина Сарај, а во периодот од 9 до 12 часот делот позади Стаклара и Каменик во Кисела Вода.


Можете да прочитате

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Меџити: 42 милиони евра за кампусот на Универзитетот „Мајка Тереза” – историска инвестиција за албанското образование

Две нови катни гаражи за Клиничкиот центар