Утрински Весник
Скопје

Без струја делови од Чучер Сандево, Петровец и Аеродром

Stru a.jpg

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа денеска без струја ќе бидат повеќе места во Општина Чучер Сандево, Петровец и Аеродром. Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, без електрична енергија во Чучер Сандево од 9 до 15:30 часот ќе бидат корисниците од селата Кучевиште, Мирковци, Побожје, Бродец, Танушевци, Брест и Малино. Во Петровец од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од цело населено место Катланово, Катлановска Бања, сите индустриски објекти на автопат Скопје-Велес во близина на Катланово, Брезница, Градманци, Летевци. Во Општина Аеродром, од 9 до 15 часот, струја ќе немаат корисниците од улица 2 и околу Трафостаница во село Долно Лисиче.

Можете да прочитате

Општина Аеродром бара работници за одржување јавна чистота

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад