Странските шефови на држави и нивните партнери кои ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета Втора, биле замолени да дојдат во Велика Британија со комерцијални летови и им е забрането да користат хеликоптери за да го обиколат главниот град, пренесуваат регионалните медиуми.
Дополнително, им било кажано дека нема да можат да ги користат своите службени автомобили за да присуствуваат на погребот, закажан за понеделник, 19 септември, туку наместо тоа, ќе бидат пренесени со автобус до Вестминстерската опатија од локација во западен Лондон, објави „Политико“.
Официјалните документи до кои дошле медиумите, а кои во саботата биле проследени до амбасадите, исто така потврдиле дека биле поканети само шефови на држави и нивните партнери од секоја земја.
Официјалниот капацитет на Вестминстерската опатија е 2.200 луѓе и се очекува да биде исполнет до толкава мера што би било неодржливо да има повеќе од еден висок претставник за секоја нација плус брачен другар, стои во написите.
Од оние шефови на држави кои поради некоја причина не можат да присуствуваат на погребот било побарано да изберат друг претставник, како шеф на влада или министер.
Кралот Чарлс III ќе приреди прием за прекуокеанските лидери во Бакингемската палата во недела на 18 септември, вечерта пред погребот. Шефовите на држави, според написите, додека се во Ланкастер Хаус, исто така ќе можат да и оддадат почит на покојната кралица до три минути, што ќе биде снимено за медиумите.
На денот на погребот ќе има строги безбедносни ограничувања и патувања низ центарот на Лондон, па на шефовите на државите им било кажано да се состанат на локација во западен Лондон, од каде со автобуси ќе бидат придружувани до опатијата.
Исто така, имало предупредување дека странските лидери дека треба да пристигнат во Велика Британија со комерцијални летови бидејќи нема да има аранжмани за приватни авиони на лондонскиот аеродром Хитроу.
Наместо тоа, било препорачано авионите да се насочуваат кон помалку прометните аеродроми низ главниот град.
Извештаите за протоколарните информации доаѓаат набргу откако Белата куќа потврди дека претседателот Џо Бајден официјално ја прифатил поканата за државниот погреб и ќе присуствува со првата дама Џил Бајден, јавуваат агенциите.