Утрински Весник
Спорт

Без победник на дербито во Премиер лигата

20251130194002 big 730x400 72.webp.webp

Дерби натпреварот на 13.коло во Премиер лигата меѓу Челзи и Арсенал заврши без победник 1:1. Лидерот Арсенал не ја искористи предноста со играч повеќе откако поради груб старт во 38.минута беше исклучен играчот на Челзи Каиседо.

Иако со играч помалку „сините“ од Лондон први дојдоа во водство со голот на Чалоба во 48.минута. Водството на Челзи не траеше долго бидејќи Мерино изедначи на асистенција на Сака во 59.минута. До крајот на дуелот ниту една од екипите немаше сериозна шанса за да дојде до водство.

На другите денешни натпревари во Премиер лигата: Кристал Палас – Манчестер Јунајтед 1:2, Вест Хем – Ливерпул 0:2, Астон Вила – Вулверхемптон 1:0 и Нотингем Форест – Брајтон 0:2.

Табела: Арсенал 30 бодови, Манчестер Сити 25, Челзи 24, Астон Вила 24, Брајтон 22, Сандерленд 22, Манчестер Јунајтед 21, Ливерпул 21, …

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет