Утрински Весник
Македонија

Без одговор дали е гаф или незнаење: Кабинетот на Пендаровски кажа на што од соопштението да се стави акцент

Без одговор дали е гаф или незнаење: Кабинетот на Пендаровски кажа на што од соопштението да се стави акцент

Без одговор останаа прашањата од „Макфакс“, Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски направи гаф или поради незнаење бара одговорност од Општина Чаир за одлука донесена од Град Скопје за преименување на улицата „Втора македонска бригада“ во „Адем Демачи“. Наместо објаснување, од Кабинетот посочуваат на што треба да се стави акцент кога се чита соопштението. На нив им е спорно што одлуката се имплементира по две години откако е донесена, иако промените на имињата започнаа уште минатата година.

dobivaj vesti na viber

„Во врска со вашите прашања, истакнуваме дека според ставот на претседателот Пендаровски акцентот треба да биде на демократската дебата, која ја спомнуваме, а не е спроведена со граѓаните на општина Чаир, за да им се објасни на граѓаните зошто одлуката донесена во 2021 година, се имплементира после две години и тоа токму по повод посетата на премиерот на Косово“, одговараат од Кабинетот на Пендаровски, на прашањата зошто одговорност бараат од Општина Чаир за одлука на Град Скопје.

На прашањето „Дали станува збор за гаф или незнаење, како и, дали ќе побарате инспекциите сепак да влезат во Град Скопје и таму да го проверат гласањето?“, од претседателскиот Кабинет нема одговор.

„Макфакс“ објави дека Кабинетот на Пендаровски побара одговорност од Општина Чаир за преименувањето на улицата, иако одлуката ја има донесено Град Скопје.

Во претседателското соопштение стои: „Начинот на реализација на идејата за преименувањето на улицата во општината Чаир е во спротивност со принципот на демократска дебата и почитување на историското наследство на сите заедници во државата. Во таа смисла, очекувам надлежните инспекциски служби да проверат дали при носењето на одлуката е почитуван принципот на двојно мнозинство, кој треба да ги вклучува и гласовите на заедниците кои не се во мнозинство во таа општина“.

Во Законот за Град Скопје, кој што е посебна единица на локалната самоуправа, стои дека Советот на градот е единствен надлежен за преименување на улици. Па така, во 2021 година, тогашниот состав на Советот донел одлука да се преименуваат околу 400 улици, меѓу кои и оваа.

Преименувањето на улицата мина со низа контроверзии. Присутен беше косовскиот премиер Албин Курти, беа прекршени закони и протоколи за пречек на странски гости, не беше интонирана македонската химна, а наместо македонско знаме, се вееја само албански.

За ова, реакција имаше од Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски и Кабинетот на претседателот Пендаровски. Побараа одговорност.

Исто така, вчера се вееше и знаме со т.н. „голема Албанија“, а МВР трага по лицето. Градоначалникот Биљал Касами, кој е и организатор на настанот, потоа објави и спот со веењето на знамето, каде на Курти му посакува добредојде со песна која почнува со „Добредојде во Албанија“.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје