Утрински Весник
Македонија

Без борба против криминалот нема економска иднина вели Миноски

Img 8606.jpeg

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски преку објава на социјалните мрежи постави прашање дали криминалот во Македонија се исплати, оценувајќи дека клучниот проблем за развојот на државата е системската корупција и високата неказнивост.

Според Миноски, трансформацијата на успешните економии започнува со решителна борба против криминалот и корупцијата кои, како што наведува, се проектираат „од горе надолу“ и се одржуваат преку институционален систем во кој кадрите се лојални на корупцијата наместо на законот и државата.

Тој посочува дека во земјава со години постои маѓепсан круг на неказнивост, при што секоја нова политичка гарнитура доаѓа како резултат на компромиси со криминализирани структури, што, според него, директно ја уништува иднината на државата и ја поткопува довербата во институциите.

Во објавата се нагласува дека системската неправда негативно влијае врз економијата, бидејќи инвеститорите избегнуваат вложувања поради несигурност и корумпиран државен апарат, додека граѓаните трошат помалку, што резултира со забавен економски раст и влошена демографска состојба преку иселување на населението.

Како можни решенија, Миноски предлага донесување Закон за потекло на имот, целосен ветинг на политичарите, судиите, обвинителите и полициските структури од 1990 година наваму, како и воспоставување механизми за откривање на креаторите на криминалниот систем, вклучително и условна амнестија за извршители кои би соработувале со институциите.

„Без конкретна волја и дела, а само со памфлети, нема справување со корупцијата и криминалот“, порачува Миноски, предупредувајќи дека во спротивно државата ќе остане заробена во систем на корупција.

Можете да прочитате

Тошковски: Разбиена мрежа поврзана со транспорт на дрога

СДСМ: Доста се наслови за жолт печат, најголемиот нарко скандал од 5 тони дрога води до ВМРО-ОКГ и Мицкоски

Мицкоски: Опозицијата е изгубена во своето политичко мочуриште