Утрински Весник
Свет

„Бевме во состојба на подготвеност“: Кина следеше и надгледуваше американски авион во Тајванската Теснина

„Бевме во состојба на подготвеност“: Кина следеше и надгледуваше американски авион во Тајванската Теснина

Кинеската војска следела и надгледувала поморски патролен авион на американската морнарица, кој поминал низ меѓународниот воздушен простор во Тајванската Теснина, соопшти денеска Источната воена команда на кинеската Народноослободителна армија.

dobivaj vesti na viber

Во соопштението се вели дека трупите постојано се во готовност и се додава дека решително ќе го чуваат националниот суверенитет и безбедност на Кина, пренесува „Ројтерс“.

Претходно беше објавено дека патролен авион на американската морнарица летал низ Тајванската Теснина по дводневните кинески воени вежби јужно од островот.

Кинеските власти тврдат дека имаат суверенитет, суверени права и јурисдикција над водниот пат, но Тајван и САД го оспоруваат тоа.

Командата на седмата флота на САД објави дека нејзиниот патролен и извидувачки авион P-8A Poseidon летал низ Теснината во меѓународниот воздушен простор.

„Транзитот на авиони низ Тајванската Теснина ја покажува посветеноста на Соединетите Американски Држави за слободен и отворен Индо-Пацифик. Американската војска лета, плови и оперира секаде каде што дозволува меѓународното право“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

Заедничка изјава на лидерите од ЕУ: Следниот чекор е самит Путин-Трамп-Зеленски

Медведев: Средбата покажа дека преговори се можни без никакви предуслови

Повеќе од 320 мртви во обилните дождови во Пакистан