Утрински Весник
Спорт

Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија

20241013110023 Big 730x400 38.webp.webp

Канаѓанецот со руско потекло Артур Бетербиев е нов апсолутен светски првак во бокс во полутешка категорија, откако во рано утрово во Саудиска Арабија го победи рускиот ривал Дмитри Бивол на поени.

Двајца од тројцата судии му донесоа предност на Канаѓанецот (115-113, 116-112), додека третиот судија ја прогласи борбата без победник (114-114).

И двајцата боксери беа непоразени пред борбата во Ријад, во сопственост на 33-годишниот Бивол беше појасот на ВБА верзијата, а Бетербиев (39) беше актуелен првак на ВБЦ, ВБО и ИБФ.

„Не ми се допаѓа како боксував, малку ми беше непријатно во рингот, бидејќи обично не го чекам ѕвончето. Но сепак победив и настапот ќе се заборави“, изјави Бетербиев.

Борбата во главниот град на Саудиска Арабија во „Кингдом Арена“, првично требаше да се одржи во јуни, но Бетербиев го повреди коленото и пресметката беше презакажана за октомври.

Последниот неприкосновен шампион во полутешка категорија беше Американецот Рој Џонс Јуниор, кој го победи Реџи Џонсон и ги обедини појасите на ВБА, ВБЦ и ИБФ уште во 1999 година.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига