Утрински Весник
Македонија

Бесплатен влез во музејските институции за 18 Мај – Меѓународниот ден музеите

20240517140612 Big 730x400 62.webp.webp

„Музеи за едукација и истражување“ е мотото под кое денеска ќе се одбележи 18 Мај – Меѓународниот ден на музеите, датум кој музејските институции низ светот со разновидни активности го одбележуваат од 1977 година.

На овој ден, како што соопшти Министерството за култура, музеите во земјава традиционално овозможуваат бесплатен влез за посетителите кои можат да ги видат актуелните изложби и да се запознаат со движното културно богатство.

– Музеите, освен својот придонес како платформа за размена на идеи и знаења, имаат значајна улога во образованието и се афирматори на темите што денес силно го засегаат светот, а кои чекаат да бидат истражени и споделени. Музејските институции ги поттикнуваат идните генерации на креативен, динамичен и интересен начин да се осврнат на комплексните општествени предизвици на денешницата, да се информираат за причините и последиците од човековото влијание врз природата и да развијат критичко размислување и лична одговорност неопходна за градење одржливо општество, велат од Министерството за култура.

Меѓународниот ден на музеите традиционално се одбележува секоја година на 18 мај со цел промоција на значењето на музејските институции во современото општество. Денот посветен на музеите е востановен од Меѓународниот совет на музеите – ИКОМ со седиште во Париз.

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!