Утрински Весник
Спорт

Бернардо Силва ќе остане „Етихад“

Бернардо Силва ќе остане „Етихад“

Бернардо Силва нема да го напушти Манчестер сити во овој преоден рок. Интерес за Португалецот покажаа два клуба од Саудиска Арабија и Барселона.

dobivaj vesti na viber

„Бернардо Силва се согласи да потпише нов договор со Манчестер сити Својата одлука им ја кажал на клупските челници“, тврди новинарот Фабрицоо Романо.

Манчестер сити до крајот на следната недела ќе потпише нов договор со Бернардо Силва.

„Договорот ќе биде потпишан до 2026 година“, напиша Романо.

Инаку, Силва минатата сезона за Манчестер сити одигра 55 натпревари во сите натпреварувања, притоа постигна седум гола и додаде осум асистенции.

Одличниот Португалец пристигна во Сити во 2017 година од Монако, а освен за овие два клуба настапуваше и за Бенфика. Со „Граѓаните“ освои пет титули во англиската лига и една во Лигата на шампионите

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност