Утрински Весник
Свет

Берлин: Голем број полицајци се упатиле кон река по пријава дека плутаат повеќе мртви тела

Policija Germanija Reka R0z7kc67gxoelwbujmrec3tio20yorw5m949zhig80.jpg

Полицијата во Берлин околу 7:30 примила пријави дека пет тела пловат во река во квартот Нојкелн во Берлин, кои всушност биле кукли кои биле облечени и соблечени.

Билд пишува дека четири полициски патролни возила во ротација се упатиле кон мостот кој бил затворен. На местото на настанот пристигнала и полиција со чамци.


Кога стигнале до „телата“, полицијата заклучила дека се работи за кукли на дување.

Се уште не се знае кој и зошто ги фрлил куклите во вода. Полицијата засега нема траги за сторителите.

Можете да прочитате

Се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија

Франција испраќа оклопни возила во Бејрут

Трамп бара Нетанјаху да биде помилуван