Утрински Весник
Свет

Бериша: Косово е подготвено за војна!

Бериша: Косово е подготвено за војна!

Хисен Бериша, претставникот на Демократската партија на Косово изјави дека Косово е подготвено за војна доколку се наруши неговиот интегритет и суверенитет. Во случај на конфликт со Србија ќе се бореле за Ниш, Куршумлија, Рашка и Санџак!

dobivaj vesti na viber

Бериша ова го напиша на Фејсбук, коментирајќи ја изјавата на Лајчак, по средбата со премиерот на Косово, Албин Курти, дека е можна само нормализација или конфронтација на северот на Косово.

„Господине Лајчак, не уценувајте! Господине Лајчак, Косово е подготвено за војна, доколку се наруши слободата, интегритетот и суверенитетот на земјата. Но, треба да знаете дека ова нема да биде единствениот конфликт! Ве потсетувам вас и симпатизери на Србија дека во случај на војна со Србија, до битката за Ниш и Куршумлија, земјата на моите предци Рашка и Санџак“, пишува Бериша.

Можете да прочитате

Шестмина загинати и над 100 киднапирани во вооружен напад во Нигерија

Лос Анџелес: Три лица загинаа во експлозија во тренинг центар на локалните безбедносни сили

Папата побара прекин на огнот во Газа за време на телефонски разговор со Нетанјаху