Утрински Весник
Балкан

Бериша бара прогласување вонредна состојба а за поплавите го обвини Рама, кој пак го праша зошто не го обвинува за цел регион

20260108180936 big 730x400 73.webp.webp

Лидерот на опозициската  Демократската партија, поранешен премиер и шеф на државата, Сали Бериша,  побара прогласување состојба на природна катастрофа поради  поплавите предизвикани од врнежите од дожд во Албанија.

Бериша изјави дека „илјадници и илјадници албански семејства претрпеле многу сериозни последици од поплавите“.

Според него, „само во округот Драч, се проценува дека се оштетени околу четири илјади домови, деловни објекти и други згради. Штетата е исклучително голема“.

Бериша рече дека поплавите не го погодиле само Драч, туку и други градови.

-Од Ѓирокастро на југ до Скадар на север има илјадници и илјадници семејства, бизниси, фабрики, кои претрпеле непоправлива штета. Демократската партија бара итно прогласување состојба на природна катастрофа”.

Тој го обвини премиерот Еди Рама дека е одговорен за „апокалипсата” во земјата.

-Еди Рама, гледа сеир, не прогласува состојба на природна катастрофа во Драч, Лежа, Скадар и други региони. Законот го обврзува во оваа ситуација да одговори за штетите предизвикани од природната катастрофа. Овој рамнодушен, циничен став е сам по себе еден вид криминал, обвини Бериша.

Според него, албанските даночни обврзници платиле 42 милиони евра инвестиции за заштита на округот Драч, Порто Романо и други области, но поради корупцијата не е ништо направено.

На обвинувањата одговори Рама прашувајќи ја опозицијата зошто не го обвинува и за поплавите во регионот.

„Не разбирам зошто не ме обвинуваат мене, владата и општината Драч за обилните дождови овие денови во Италија, Грција, Црна Гора, Хрватска и така натаму… и поплавите таму. Чудно тамошните опозиционери не ги обвинија со ниту еден збор нивните влади. Не разбираат ли дека сојузот со дождот води до победа?!“, напиша Рама, во реакција на социјалните мрежи.

Во меѓувреме продолжува евакуацијата на жителите од најзагрозените подрачја. Министерството за одбрана објави итен апел граѓаните да соработуваат со службите и да не одбиваат евакуација. 

Можете да прочитате

Масовни поплави во Косово – 24info.mk

Голем пожар во Тирана: Горат околу 50 магацини, евакуирани многу семејства

Силно невреме во Западна Турција: Прекинат сообраќајот низ Босфорот и Дарданелите