Утрински Весник
Свет

Бербок: Водиме војна против Русија

Бербок: Водиме војна против Русија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

За време на дебатата во Парламентарното собрание на Советот на Европа во Стразбур, министерката за надворешни работи, Аналена Бербок, отворено рече „војуваме против Русија“.

dobivaj vesti na viber

„И затоа веќе реков во последните денови – да, мора да направиме повеќе за да ја одбраниме Украина. Да, треба да направиме повеќе и за тенковите.

Но, најважниот и клучен дел е тоа да го направиме заедно и да не ја играме играта на вината во Европа бидејќи водиме војна против Русија, а не еден против друг“, рече Бербок.

Да потсетиме, Германија вчера објави дека на Украина ќе ѝ испорача тенкови „Леопард 2“. Претходно, оваа земја ја одложи испораката на тенковите што Киев ги побара, пренесе „Аваз.ба“.

Можете да прочитате

Се урна приватен авион во Северна Каролина

САД предлагаат забрана за интервенции за промена на пол кај деца

ЕУ бара договор за финансирање на Украина со замрзнати руски средства